Стратегија за привлекување на нови клиенти на Американскиот пазар

ПРОДУКТ

Next Generation е нова македонска компанија која нуди сметководителни услуги за бизниси во САД. Со нивниот искусен тим и конкурентна понуда, тие имаа голем потенцијал, но нивните првични обиди за директен контакт беа неуспешни. Потребен беше поинаков пристап, таков што ќе ги привлече потенцијалните клиенти сами да стапат во контакт со нашиот клиент.

Нашиот предизвик беше да ги идентификуваме најдобрите канали и начини на комуникација преку кои нашиот клиент најлесно ќе се поврзе со пазарот во САД.

  • Креирање на дигитална стратегија за лансирање во САД
  • Тестирање и дефинирање на најдобрите канали за комуникација
  • Генерирање на потенцијални клиенти преку дигитални канали

Преку детално истражување на пазарот, ги идентификувавме првите чекори на потенцијалниот клиент откако ќе стане свесен за неговата потреба. На овој начин откривме кои се најдобрите канали за промоција на услугите на нашиот клиент, и тестиравме различни пристапи. Преку бизнис анализата, откривме дека дизајнот на веб сајтот на нашиот клиент не привлекува доволно внимание кон уникатните вредности на Next Generation, и дека има потреба од промена.

РЕШЕНИЕ

Откако ги идентификувавме најпогодните канали за промовирање на понудата на нашиот клиент, создадовме посебни стратегии за привлекување на нови клиенти. Нашиот пристап вклучуваше дизајн на нова страна за продажба и локациско таргетирање (тестирајќи повеќе од 25 локации во САД). Постојано го подобрувавме нашиот пристапот во стратегијата, и во 4 месеци соработка, успешно поврзавме потенцијални клиенти од САД со тимот на Next Generation. Покрај тоа, стекнавме и клучни сознанија за идните чекори на развој на компанијата.

РЕЗУЛТАТИ

  • 166 потенцијални клиенти
  • 30 квалификувани лидови
  • 3 затворени клиенти
Share this project
Share this article: