Како им овозможивме на средношколците да ги креираат училиштето и работата од иднината?

EU House во Скопје е организација која се стреми да ја стимулира иновативноста и вложува во напредокот особено на најмладите. Тоа го постигнуваат преку различни едукативни и колаборативни настани кои се одржуваат во нивниот модерен простор – специјално дизајниран за да ја поттикне креативноста и комоцијата на младите иноватори.

Нашето партнерство започна во 2019 кога започнаа и подготовките за Design Thinking работилницата планирана да се одржи на пролет во 2020. Но поради глобалната пандемија, овој план мораше да биде променет. Сепак, ние здогледавме можност во оваа ситуација да ги поттикнеме младите да работат заедно и од нивните домови, и така се роди идејата за првата Онлајн Design Thinking работилница на EU House, каде 30 средношколци одговорија на предизвикот: Креирај го училиштето од иднината!

Соработката беше многу успешна, и веднаш по работилницата, повторно во соработка со EU House, го организиравме и првиот дигитален Еуротон – тридневен дигитален хакатон за средношколци на темата: Трансформирај го начинот на работење во новата ера.

Организирање на работилница и хакатон за средношколци во време на социјално дистанцирање.

Да им овозможиме на младите да создадат апликабилни концепти за иднината, и да го поттикнеме развојот на нивните социјални вештини и креативно размислување.

РЕАЛИЗАЦИЈА И РЕЗУЛТАТИ

Најголемиот предизвик во организирање на дигитална работилница беше наоѓање на начин како да го симулираме чувството на соработување во живо, во дигиталниот свет. Вториот најголем предизвик беше да создадеме алатки кои е го предводат процесот на соработка помеѓу учесниците соодветни точно за предизвикот.

Нашите одговори ги најдовме во платформата. Discord. и Design Thinking методологијата. Со нашите искусни фасилитатори, 30 средношколци поделени во 8 тимови започнаа да работат заедно со една цел: Создавање на училиштето од иднината. За време на неколку-неделната работилница, имаа и можност да разговараат со ментори од различни полиња, кои им помогнаа да ги развијат нивните идеи во практика, и да го увидат целосниот потенцијал. Работилницата имаше многу значајно влијание на учесниците, и покрај тоа што за повеќето од нив ова беше прво учество во Design Thinking работилница.

Инспирирани од нивниот интерес, EU House одлучи да организира уште еден настан со наша помош, овој пат тридневен онлајн хакатон на темата Трансформирај го начинот на работа во новата ера, во кој учествуваат уште 30 средношколци од целата држава.

РЕЗУЛТАТИ

  • 60 учесници
  • 15 тимови
  • 7 фасилитатори
  • 5 ментори
  • 15 финални решенија
Share this project
Share this article: