Rethink - креативен маратон кој поврзува визионери со иновативни компании

Што е Rethink?

Rethink е креативен маратон кој ги поврзува креативните луѓе со иновативните компании. Учесниците се организирани во мултидисциплинарни тимови, и со помош на претставници од компаниите тие ко-креираат решенија за нив. За време на тридневниот настан, тимовите смислуваат идеи, градат стратегии и создаваат иновативни решенија. Секоја од компаниите поставува уникатен предизвик соодветен за нивните потреби, во согласност со темата и тимовите се натпреваруваат за да го создадат најдоброто решение за предизвикот кој тие го избрале.

КОИ БЕА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА RETHINK 2019?

Темата на Rethink 2.0 беше Иднината на дигиталното корисничко искуство (Rethinking the future of the digital customer experience). Трите иновативни компании кои беа дел од Rethink 2.0 во 2019, ги поставија следниве предизвици:

Охридска Банка Societe Generale

Како да ги промениме финансиските навики на младите корисници на банкарските услуги преку вештачка интелигенција и големи бази на информации?

Групација Магнетик

Како до повеќе податоци преку дигитални канали за да се зголеми продажбата во модната малопродажба?

Дона

Како до зголемување на дигиталните интеракциите за да се зголеми препознатливоста на брендот?

ПРОЦЕС

Процесот Kреативниот маратон Rethink започнува кога компаниите-покровители ќе поставуват нивните индивидуални предизвици. Потоа, преку различни онлајн и офлајн активности привлекуваме голем број на креативни луѓе, фокусирајќи се на домени на искуство и интерес кои се соодветни за потребите на секој од предизвиците засебно. Ги селектираме најдобрите кандидати и ги организираме во мултидисциплинарни тимови. На почетокот на настанот, откако учесниците ќе се запознават меѓусебно, почнуваат со brainstorming и истражување. Текот на настанот се води по чекорите на Design Thinking методологијата, и тимовите се предводени низ процесот од страна на лиценцирани фасилитатори (членови на нашиот тим кои кои ги водат тимовите за време на целиот настан). Тимовите исто така имаат менторска сесија со претставници од компаниите кои имаат поставено предизвик, со цел да добијат совети за досегашната работа и насоки за следните чекори. За време на тридневниот настан, учесниците смислуваат и тестираат решенија, кои на крајот им го презентираат на стручното жири составено од преставници на компаниите, кои го избираат најдоброто решение. Победничките тимови добиваат награда и можност да бидат вклучени во имплементацијата на нивните решенија.

hire young people

ЗОШТО ГО ЗАПОЧНАВМЕ RETHINK?

Компаниите се секогаш во потрага по нови, иновативни решенија, што ќе ги издвои од конкуренцијата. Во исто време, младите креативни луѓе немаат многу можности за споделување на нивните идеи и работење на истите. Целта на Solveo е да биде мостот помеѓу иновативните компании од регионот и креативните луѓе, и преку Rethink го постигнуваме токму тоа.

ШТО ПОСТИГНАВМЕ ДО СЕГА?

Организиравме 2 Rethink креативни маратони:

Rethink: Smart Cities – How the city works and lives, и Rethink 2.0: The Future of Digital Customer Experience

со поддршка од повеќе од 60 организации и компании,

во кои земаа учество вкупно 150 учесници,

и произлегоа 30 креативни решенија.

Share this project
Share this article: