Како го организиравме првиот Онлајн Startup Weekend Skopje - COVID-19 Edition?

startup weekend skopje

Начинот на кој организираме настани како Startup Weekend Skopje секогаш е ист: Наоѓаме простор, собираме иновативни луѓе и им овозможуваме да работат на нивните идеи. Но, како да организиравме креативен маратон во време на социјално дистанцирање? Преку тоа што го направиме комплетно онлајн!

Како локалните организатори на Startup Weekend Skopje веќе трета година по ред, знаевме дека сакаме да бидеме дел од најновата глобална иницијатива на Techstars за поддржување и развој на бизнис идеи кои ќе ни помогнат да се соочиме со предизвиците од пандемијата полесно и побрзо. Со краток рок и во комплетни различни услови од обично, успешно го организиравме првиот Онлајн Startup Weekend Skopje – COVID-19 Edition.

Организирање на комплетно онлајн национален натпревар во време на социално дистанцирање.

Да го поттикнеме развојот на бизнис идеи кои ќе и помогнат на заедницата да се справи со последиците од Covid-19.

РЕАЛИЗАЦИЈА И РЕЗУЛТАТИ

Организирањето на еден онлајн настан каде ќе треба да се одржува постојана комуникација помеѓу учесниците, да се симулира вистинско чувство за тимска работа, да се одржуваат фидбек сесии со искусни ментори и да се презентираат финалните решенија во живо, не е мал предизвик.

Сепак, благодарение на Techstars ги имавме сите потребни алатки за да организираме ваков комплетно дигитален настан за само 3 недели, и им се придруживме на 50-те други држави од целиот свет кои исто така и беа дел од иницијативата да организираат локален COVID-19 Онлајн Startup Weekend.

Затоа што настанот беше комплетно онлајн, во него можеа да учествуваат поединци и тимови од целата држава, што го направи овој Startup Weekend и првиот национален натпревар од овој тип. Со поддршка од 12 други организации, 26 ментори, и 40 учесници, настанот успешно го поттикна и поддржи развојот на бизнис идеи – кои сега се потребни повеќе од било кога. од целата држава.

startup weekend skopje
Share this project
Share this article: