Зголемување на дигиталното присуство за керамика и санитарија

ПРОДУКТ

Italex Inzenering е бренд за керамика и санитарија. Тие се присутни на македонскиот пазар веќе 28 години, како застапници на висококвалитетни иновативни Италијански брендови и продукти.

Italex Inzenering е бренд кој има долга историја на уникатни и луксузни брендови, и иновативни продукти, но поради малата дигитална присутност на пазарот, препознатливоста на брендот беше многу ниска. За да привлечеме нови клиенти, потребно беше да откриеме кои се нивните потреби, проблеми и желби, и каде е најсоодветно да се имплементира дигиталната комуникација.

  • Зголемување на препознатливоста на брендот,
  • Развивање на дигитална стратегија за комуникација,
  • Зголемување на посетеноста во продажниот салон.
РЕШЕНИЕ

Нашиот прв чекор беше да ги идентификуваме потребите на нашата целна група, и каде е нивното внимание. Откривме дека најдобриот начин да допреме до нив е преку Facebook и Instagram, и развивме комуникациска стратегија и за двата канали. Нашите кампањи беа фокусирани на промовирање на стиловите кои Italex Inzenering ги нуди, едукација за иновациите, промовирање на проекти и соработки со внатрешни дизајнери и архитекти. Спроведовме и промотивни кампањи со фокус на зголемување на ангажманот, како и посети во самиот продажен самон. Ова е тековен проект, но еве што постигнавме за време на 4 месеци соработка:

РЕЗУЛТАТИ

Зголемување бројот на следбеници на Facebook за 60%

Зголемување бројот на следбеници на Instagram за 141%

Зголемување на ангажманот на корисниците за 400%

Share this project
Share this article: