Градење на глобален бренд со crowdfunding

ПРОДУКТ

TIP OF THE WEEK е првата интерактивна книга за личен и професионален развој. Напишана од ентузијасти и успешни бизнисмен(к)и кои доаѓаат од Балканот. Таа содржи 40 практични и едукативни совети за тоа како да го подобрите вашиот живот, секојдневие, како да направите промена и да станете поуспешни. Тоа е 360 INNO производ во поглед на развој на продукт, архитектура на содржини, визуелен изглед и стратегија за маркетинг и продажба.

Главната идеја зад концептот TIP OF THE WEEK е да ги поттикне читателите да бидат поотворени за промени. Бидејќи, само со промена на себеси и фокусирање на имплементација на нови идеи можеме да станеме подобри од ден на ден. Идејата на тимот кој стои зад TOW беше лансирање на продуктот на светско ниво (досега се продаваше само на Балкан). Целта е да го прошират своето знаење и мисија со целиот свет. Соработката меѓу нас резултираше со crowdfunding кампања преку платформата Kickstarter.

  • Спроведување на истражување (платформи, услови, целни личности, пакување, дистрибуција);
  • Дефинирање на концепт, дизајн, награди;
  • Развој на веб-страница, видео снимање и продукција, фотографии;
  • Креирање на кампања за Kickstarter
  • Креирање и спроведување на маркетинг стратегија за пред-лансирање и по лансирање на кампањата.

Во текот на тримесечниот период на работа, го поделивме проектот на две фази: пред-лансирање и лансирање на кампањата. Фазата пред лансирањето започна со детални истражувања на секоја crowdfunding платформа. Потоа условите што ги нудеа, таргетираните корисници и каналите за пакување и дистрибуција на производот по завршувањето на кампањата. Следно беше креирање на лендинг страница бидејќи беше дефинирана како неопходност за кампањата. Продолживме со дефинирање, снимање и продукција на видео, како и фотографирање за кампањата.

РЕШЕНИЕ

Првата интерактивна книга за личен и професионален развој што доаѓа од Балканот, ја достигна дефинираната цел од 8.000 $ поставена на Kickstarter и подигна 8.259 $. Поддржана од 105 поддржувачи, од повеќе од 50 различни земји, кампањата беше успешно завршена.

Kickstarter се покажа како најефикасен начин за креирање на глобална свест за бренд. Начин да се собере глобална публика за одредена марка. Решивме дека оптималното времетраење на кампањата за овој вид на продукт е еден месец. Обезбедувајќи значајни совети за личен и професионален развој, Tip of the Week уште еднаш ја постигна својата цел, овој пат на глобално ниво.

По завршувањето на кампањата со постигнатите цели, започна фазата на производство. Проценетиот рок за испорака беше мај 2018 година, што успеавме да го постигнеме. Заедно со тимот на Tip of the Week ги доставивме пакетите на нашите поддржувачи од целиот свет.

РЕЗУЛТАТИ
  • Целосно финансирана кампања (собрани 8.259 долари од планираните 8.000 долари)
  • 105 поддржувачи од 35 земји ширум светот
  • Присуство на нови пазари
  • Подигнување на свесност за брендот
  • Лансирана веб-страница
Share this project