Techstars Startup Weekend: Развивање на македонската стартап заедница

ПРОЕКТОТ

Techstars Startup Weekends се настани подржани од Google чија цел е да им дадат можност на потенцијалните претприемачи да дознаат дали нивната стартап идеја е остварлива. Освен тоа, во текот на еден викенд (54 часа) се овозможува вмрежување, консултација со ментори и достап до идни бизнис можности. Досега се одржани речиси 3 000 Startup Weekend во 150 земји ширум светот. 7-от Startup Weekend во Македонија се одржа од 19-21 октомври 2018 година во Скопје, овојпат во организација на Солвео со подршка на Солвео амбасадорите.

Забележавме дека стартап заедницата во Македонија треба да се раздвижи, бидејќи немаше многу можности за надежните млади претприемачи да ги истакнат своите идеи и решенија. По пауза од две години во кои не беше организиран Startup Weekend во Скопје,  решивме да преземеме иницијатива и повторно да го организираме овој настан во Скопје. Сакавме да го поттикнеме претприемачкиот начин на размислување, да создадеме можности за младите да започнат нешто самостојно и да ги остварат своите иновативни идеи.

  • Обезбедување на услови за тестирање на идеите на надежните претприемачи, како и простор за вмрежување
  • Подигнување на свеста за стартап заедницата и иновациите во Македонија
  • Поттикнување на стартап заедницата во Македонија.
РЕЗУЛТАТИ

Startup Weekend е тридневен настан на кој учесниците имаат можност да работат на стартап идеи заедно со експерти од различни индустрии. Главната цел на Startup Weekend Скопје е да се промовира и охрабри претприемачкиот дух кај пошироката публика и да се стимулира open- minded размислување и отвореност кон неискористените можности.

На 7-то издание на SWS, шеесет учесници добија непосредно искуство што е потребно за да се создаде стартап во 54 часа. Преку интензивна работа и интерактивни работилници со експерти од индустријата, тимовите развиваа бизнис идеи, добија пазарна валидација и развија одржлив бизнис план, кој ќе ја обезбеди одржливоста на стартапот.

ДОСТИГНУВАЊА

На крајот од викендот имавме: 10 потенцијални стартап решенија, група млади и мотивирани учесници кои ќе продолжат да работат на своите идеи и на ширење на ентузијазмот со своите врсници, како и поголема заедница на онлајн поддржувачи кои беа инспирирани и информирани за и понатаму да ја шират пораката. Успеавме да ја подигнеме свеста за стартап заедницата во Македонија, и им дадовме можност на надежните претприемачи да ги тестираат своите идеи да ги претворат во реалност.

Неколку тимови продолжија да работат на своите идеи со главните засегнати страни на пазарот, а организацискиот тим на настанот доби оценка од 9.73 / 10 за оценката на квалитетот на Techstars од страна на учесниците.

Share this project