Дизајн и развој на иднината на Солвео на нови пазари

ПРОДУКТ

Солвео е консултантска агенција за стратешки дизајн и иновации која ги поттикнува компаниите да испорачаат иновативни решенија. Водени од верувањето дека иднината лежи кај милениумците, Солвео ја користи моќта и иновативното размислување на визионерските студенти.

Целта е да испорача свежи, креативни идеи и да ги инкорпорира со стручно знаење при донесување на решенија. Крајната цел е да се создаде иновативна заедница која ќе ги поврзува  талентираните студенти со истомисленици и амбициозни модерни компании.

Во нејзини рамки, ќе се идентификуваат проблеми и ќе се креираат и развиваат решенија за тие проблеми. Преку фасилитиран и менториран процес во облик на креативни работилници.

Откако го докажа својот концепт локално во Македонија, следниот чекор на Солвео беше проширување на регионално и глобално ниво. Предизвикот беше да се откријат, развијат и тестираат начини за воведување на понудата на Солвео на нови и различни пазари. За време на натпреварот, учесниците се стекнаа со практично искуство за тоа како да и помогнат на компанијата да се прошири на глобално ниво.

  • Разбирање на тековниот процес и клучните вредности на Солвео
  • Генерирање на идеи за потенцијалните начини за проширување на бизнисот
  • Спроведување на екстензивно истражување на пазарот и конкурентска анализа
  • Идентификување на потенцијалните клиенти и партнери
  • Тестирање на предложените решенија
  • Креирање на стратегија за проширување на нови пазари
  • Предлог план за имплементација

За време на тринеделниот проект, четири мултидисциплинарни тимови составени од пет учесници, заедно со целосниот тим на Солвео и експерти од разни области, работеа на тоа како најдобро да се воведе понудата на Солвео на нови и различни пазари. Проектот започна со воведување на учесниците во тековните практики на Солвео и неговите основни вредности. По запознавањето со Солвео,  учесниците можеа да идентификуваат конкуренти и потенцијални партнери, корисници и клиенти на новите пазари. Темелната истражувачка фаза беше наменета да ги информира тимовите за одлуките за креирање на стратегија. Потоа и за акционен план за создавање на скалабилен и остварлив бизнис модел кој може да му помогне на Солвео да расте на глобално ниво. Сите тимови развија нови стратегии и контактираа со различни потенцијални партнери. Дизајнираа различни дигитални платформи кои ќе го олеснат растот на Солвео на регионално и глобално ниво.

РЕШЕНИЕ

Со цел да се предложи подобро решение, потребно беше длабоко разбирање на тековните проекти на Солвео. Откако беа идентификувани најважните вредности на Солвео, конечното решение беше она кое вклучуваше нови начини за проширување на услугата на нови пазари и нудење на различни видови на услуги на различни клиенти.

Предложеното решение за проширување на Солвео на глобално ниво беше  нудење на своите услуги преку интернет, како дополнување на моменталните понуди.

  • Постигнување на глобална експанзија преку онлајн платформата “Solveo Virtual Internships”
  • Онлајн анкета направена за да открие дали постои интерес од страна на студентите
  • Со истражувањето се идентификуваа три целни земји за проширување: Србија, Словенија и Турција
  • Беа развиени функционалности и процеси на дигиталната платформа
  • Целосната маркетинг стратегија, финансиските анализи и планот за имплементација беа вклучени
РЕЗУЛТАТИ
  • 50+ контактирани потенцијални партнери
  • 6 + Истражени нови пазари
  • Развиени функционалности на две дигитални платформи
  • 20 целосно анализирани конкуренти
  • Предложени нови клучни вредности
  • Регионалниот раст започнат од страна на интерниот тим
Share this project