Rethink креативен маратон: Како функционираат и живеат градовите?

ПРОДУКТ

Концептот на паметен град станува се повеќе актуелен во последната декада. Се истакнува како прва цел за иднината на секој модерен град. Со моќта на вештачката интелигенција и IoT, идниот модерен град треба да биде паметен, функционален, еколошки, безбеден.

Во соработка со iNovum, невладина организација за развој на технологија во Македонија, имавме шанса да организираме креативен маратон. Маратон кој ќе анимира и собере млади луѓе во едукативна и креативна работилница за време на IT Novum 2018. Имајќи во предвид дека концептот паметен град е многу популарен во последниве години, иницијалното прашање од кое се формираше нашиот предизвик е: дали може Скопје да биде паметен град? Понатаму, сакавме да пронајдеме креативни решенија за имплементирање на концептот паметен град. Се фокусиравме на алтернативни извори на енергија, еко- живеење, безбедност, итн. Сепак, модерниот град од иднината со помош на AI и IoT треба да биде паметен, функционален, еколошки и значително побезбеден.

  • Подигнување на свесноста за концептот паметен град
  • Ангажирање на млади луѓе на креативен и едукативен настан
  • Промоција на претприемачкиот дух и мотивирање на младите
  • Дефинирање на постоечките проблеми на градот и пронаоѓање на ветувачки и креативни решенија за тие проблеми
ПРОЦЕС И СОЗНАНИЈА

Го организиравме креативниот маратон- Rethink Smart Cities: RETHINKING HOW THE CITY WORKS AND LIVES. Спроведовме активна маркетинг стратегија за да допреме до идните учесници и да го промовираме настанот, неговата цел и мисија.

Контактиравме македонски експерти и претприемачи кои беа говорници на воведната конференција на настанот. На конференцијата се зборуваше на теми поврзани со паметен град: онлајн плаќање, маркетинг комуникации во проекти на паметни градови, Владата и модерните градови од иднината, младинска е-партиципација, и сл.

Назначивме ментори – експерти и претприемачи (инженерство, маркетинг, финансии, архитектура)  на тимовите при креирањето на решенијата.

Ангажиравме фасилитатори кои ќе ги водат тимовите од идеја до решение, преку brainstorming, lean canvas, prototyping.

Формиравме стручно жири кое ги бира победниците на креативниот маратон.  

РЕЗУЛТАТИ

Успешен тридневен креативен маратон, во кој земаа учество 90 учесници (од повеќе од 120 пријавени), млади луѓе групирани во мултидисциплинарни тимови, кои со помошта на фасилитаторите и одличните ментори креираа решенија за идниот паметен град Скопје. Настанот едуцираше голем број на млади луѓе за важноста на концептот паметен град. Се зборуваше за идното градско живеење и идните перспективи за градот Скопје, особено фокусирајќи се на алтернативните извори на енергија.

Како резултат на маратонот, тимовите дојдоа до 18 креативни решенија, од кои наградени беа следниве:

Прво место го освои тимот кој презентираше подни плочи кои ја претвораат енергијата од стапките на луѓето во мали количини електрична енергија,

Второ место: систем за аквапоника на покриви на станбени згради, т.н. урбано земјоделство

Трето место: паметна селекција на отпад преку паметни корпи за отпадоци и информативна платформа наречена Skopje is Recycling.

Сите решенија имаат потенцијал да се претворат во успешни стартап приказни, и да бидат пионери во имплементацијата на концептот паметен град во Скопје.

Share this project