Со Crowdsourcing до иновативни решенија за мобилно банкарство

ПРОДУКТ

Охридска банка Societe Generale (ОБСГ) е малопродажна банка која е дел од една од најголемите финансиски групи во светот – Societe Generale Group. Со повеќе од 146.000 вработени и присуство во 66 земји, Societe Generale Group им служи на 31 милион корисници ширум светот повеќе од 150 години. ОБСГ работи според високите стандарди на Societe Generale, почитувајќи ги четирите главни вредности на групацијата: тимски дух, иновации, посветеност и одговорност. Главната стратегија на ОБСГ е континуирано подобрување на квалитетот на работењето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност за задоволување на потребите на своите клиенти. ОБСГ тежнее кон тоа да биде репер за банкарските односи, препознатлив на пазарот, непосреден во однос на своите клиенти, избран според својот квалитет и посветеноста на своите тимови.

Мобилното банкарство станува неопходен дел од нашиот секојдневен живот. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата да се воведат иновации во мобилното банкарство и начинот на којшто банките комуницираат со сегашните и идните корисници.

Главната цел на овој предизвик беше да пронајдеме и создадеме иновативни решенија за интеракција на банката со корисниците, за олеснување на користењето мобилно банкарство со што ќе се зголеми корисноста на банкарските услуги за младите, како и да го подобриме ангажманот на корисниците и задржувањето преку мобилната апликација.

  • Креирање на комуникациска стратегија за целната публика
  • Дефинирање на најдобриот начин за ангажирање и интеракција со потенцијалните корисници
  • Ко- креација на мобилна банка на иднината, заедно со своите сегашни и потенцијални корисници
  • Подигнување на свесноста за брендот на ОБСГ и да се стави фокус на нивниот ОБСГ
НАШИОТ ПРИСТАП

Со цел да ги достигнеме нашите цели, прво ја дефиниравме целната публика на нашиот клиент, а тоа се младите и амбициозните ентузијасти, сегашните и идни корисници на мобилното банкарство. Стекнувајќи увид за нивните преференции и навики, создадовме стратегија за тоа како да стигнеме и да комуницираме со нив. Поради дигиталната ера и технолошките генерации, решивме дека најинтересен и интерактивен начин да го изведеме ова беше да организираме хакатон, односно crowdsourced тридневен настан во кој се собраа 50 талентирани и амбициозни млади луѓе од различен профил, кои станаа ко-креатори на иднината на мобилното банкарство.

Crowdsourcing е практика на ангажирање на “толпата” или група за заедничка цел – често иновација, решавање на проблеми или ефикасност, која може да се изведе на многу различни нивоа и низ различни индустрии. Благодарение на растечката поврзаност, сега е полесно од кога и да е поединците колективно да придонесат – без разлика дали со идеи, време, експертиза или средства – кон проект или причина. Оваа колективна мобилизација се нарекува crowdsourcing.

РЕЗУЛТАТИ

На овој настан, Охридска банка имаше можност да се доближи до своите потенцијални корисници и да дознае повеќе за нивните потреби и желби. Применувајќи ја Design Thinking методологијата за време на настанот, тимовите работеа на развивање на решенија за идеално мобилно банкарство, постојано водени од нашите ментори и постојано добивајќи фитбек за нивниот напредок. На крајот, секој тим го претстави своето иновативно решение за  мобилно банкарство, а победничкото решение беше превземено за понатамошно развивање од страна на ОБСГ.

Со примена на овој метод, компанијата ги собра непосредно информациите од своите корисници, доби 9 различни решенија за мобилно банкарство и го ко-креираше својот иден продукт заедно со идните корисници.

  • Организиран хакатон кој успеа да ангажира над 80 апликанти од кои 46 беа избрани како млади и талентирани учесници
  • Од хакатонот произлегоа 9 иновативни и тестирани решенија
  • Подобрена свесноста за брендот на Охридска банка Сосиете женерал како банка на млади луѓе и можности
  • Зголемена интеракција со тековните и новите корисници на мобилното банкарство.
Share this project