My great Recipes: Како да се стане лидер за споделување на рецепти на Американскиот пазар

ПРОДУКТ

IMP – International Masters Publishers создава и промовира продукти поврзани со готвење (рецепти, хобија, домашна забава и едукација). Намалената побарувачка за “физичките продукти” на компанијата ги мотивираше да создадат дигитална платформа за пребарување и споделување на рецепти MyGreatRecipes.com (IMP Digital). Влезот на овој динамичен и високо конкурентен пазар резултираше со брз почеток на мобилни апликации и веб-платформа MyGreatRecipes на американскиот пазар.

Апликацијата и веб-страницата им помагаат на потрошувачите да пребаруваат 100.000 одлични рецепти. Потоа да ги зачуваат омилените рецепти, да создаваат нови рецепти и да споделуваат рецепти со семејството и пријателите. Соработката помеѓу Солвео и IMP Digital беше инспирирана од потребата за брзо истражување на начините за зголемување на корисничката база на платформата MyGreatRecipes. Како и за наоѓање на нови начини за ангажирање со постојните корисници. Дополнително, IMP Digital ги разгледува потенцијалните можности за монетизација на платформата.

  1. Спроведување на истражување на пазарот, анализа на конкурентите
  2. Откривање на основните вредности и уникатни продажни точки
  3. Ревизија на брендот и откривање на постоечки проблеми
  4. Идентификување на целните потреби на потрошувачите и нивното однесување
  5. Стратегија за ангажирање на постоечките и стекнување на нови корисници
  6. Развивање на стратегија за монетизација

Во текот на четиринеделниот проект, четири мултидисциплинарни тимови составени од пет учесници, беа водени од тимот на Солвео во процесот на  креирање стратегии за зголемување на корисничката база на платформата, за ангажирање со постојните корисници и откривање на начини за монетизација на бизнисот. Проектот започна со детална ревизија на брендот/ анализа на моменталниот статус: број на нови корисници, број на редовни корисници, тековна маркетинг стратегија, UX и UI на платформата. Со длабоко истражување на пазарот, секој од тимовите идентификуваше специфични проблеми и решенија кои ќе одговорат на тие проблеми. За време на проектот, учесниците анкетираа повеќе од 300 луѓе, анализираа повеќе од 20 конкуренти, контактираа со 20 експерти во индустријата и испорачаа поддржани решенија.

РЕШЕНИЕ

Првиот чекор, пред да се обезбеди решение, беше идентификација на клучните проблеми со кои се соочува бизнисот. Тимовите ги креираа своите решенија врз основа на идентификација на можностите на новите пазари и познавајќи ги главните проблеми: ниската свесност за брендот во споредба со конкурентите, нискиот ангажман на корисникот.

Со цел да се зголеми свесноста за брендот, го зголемивме присуството на социјалните мрежи и интеракцијата преку нив. Со пласирање на факти за храната, додавање на калкулатор за калории на платформата и воведување на редовна видео интеракција.

Следно, победничкото решение предложи организација на кулинарско шоу за корисниците со цел да се подобри интеракцијата. На крај, еден од тимовите идентифицираше нов потенцијален пазарен сегмент – младите мајки со бебиња/деца. Решението креираше нова категорија со детска/ бебешка храна која ќе привлече нова публика кон брендот.

РЕЗУЛТАТИ
  1. Бидејќи тимовите идентификуваа потенцијални проблеми во UX и UI на платформата, по проектот платформата беше редизајнирана
  2. Социјални медиуми:

       – 230% раст на Фејсбук допаѓања
       – 180% раст на следбениците на Инстаграм

  1. Креирани видео содржини и факти за храна
  2. Отворен канал на Youtube
  3. Контент маркетинг: стартуван кулинарски блог со 60 + блог постови
Share this project