Подигнување на свеста за важноста на менталното здравје и поголема вклученост во социјални активности

ЗДРУЖЕНИЕТО

Мисла е ново невладино здружение во Македонија создадено со цел да ја подигне свесноста за важноста на менталното здравје и зголемување на социјалната инклузивност на лицата со ментални пречки во развојот.

Мисла сакаше да го прошири своето влијание и да ја подигне свеста во поширока смисла. Но за да има вистинско влијание, неопходно беше да се стекнат сознанија за оваа чувствителна тема и да се преземат соодветни активности за да се разбие стигмата која постои околу овие прашања. Требаше да создадеме кампања која би била високо транспарентна и едукативна. Дополнително, сакавме да го зајакнеме дигиталното присуство на Мисла. Да стартуваме заедница која ќе покаже силна поддршка и ќе ја прошири пораката.

  • Спроведување на детално истражување на пазарот
  • Креирање на концепти за кампањата
  • Креирање и спроведување на стратегија за масовна свесност
  • Формирање на заедница и зајакнување на дигиталното присуство.

Најпрвин, требаше да стекнеме одредено знаење за темата, како и за специфичните чувства и мисли на публиката во врска со оваа тема. За таа цел, стапивме во контакт со неколку експерти од областа. Контактиравме експерти од медицинската и од социјалната област, а исто така и спроведовме истражување на пазарот за да дознаеме кој е нивото на свест и познавање на општата јавност за менталното здравје. Кога ги собравме тие клучни информации за публиката, развивме стратегија која ќе ја зголеми свесноста за брендот.

НАШИОТ ПРИСТАП

Како и  стратегија која ќе ја нагласи важноста на разбирањето на менталното здравје. За да ги постигнеме поставените цели, создадовме комбинација на онлајн и офлајн кампањи, комунициравме со визијата и мисијата на Мисла и акција кај публиката за да се приклучи. За да имаат вистински ефект врз публиката, кампањите беа интерактивн. Со тоа се создадоа вистински можности за лицата со ментални здравствени пречки.

РЕЗУЛТАТИ

Преку онлајн кампањите успешно го зголемивме дигиталното присуство на асоцијацијата на повеќе канали. Ги постигнавме нашите цели со дизајнирање на специфични содржини скроени за онлајн и за офлајн публиката. Заедничкиот дострел на нашите кампањи беше 60 000 луѓе, а преку овие кампањи, заедницата се зголеми за 1000 + поддржувачи.

Share this project