Дизајн и бренд стратегија за лансирање на нова дигитална платформа

ПРОДУКТ

doXteam е водечка компанија за развој на софтвер со седиште во Македонија, која работи со големи претпријатија како Nederman, Swiss Re, IMP Digital, за да испорача cloud-based решенија во нивната секојдневна работа. Следејќи глобални дигитални и технолошки трендови и отвореноста за иновации, компанијата развила и финансирала повеќе глобални дигитални платформи. DoXteam започна со развивање на иновативна платформа: backend-како-сервис, наречена Microtica, која се очекува да го намали времето на програмерот за 90%.

Со речиси финализирана платформа, компанијата имаше потреба од комплетно брендирање и алфа тестирање со потенцијални корисници и клиенти. Крајната цел беше креирање на go-to-market  стратегија, вклучувајќи и вклопување на продуктот на пазарот.

  • Спроведување на истражување на пазарот, анализа на конкурентите и дефинирање на основните вредности.
  • Дефинирање на целниот пазар и потенцијалните корисници
  • Развивање на стратегија за позиционирање и пробив на пазарот
  • Дизајн и брендирање на новиот продукт
  • Развој и дизајн на веб- страница
  • Тестирање на предложените решенија
РЕШЕНИЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ

  • 150+ спроведени интервјуа
  • 30+ вклучени експерти
  • Контактирани 10+ компании
  • 90+ откриени конкуренти
  • Дефинирана целна персона

ОСТВАРУВАЊА

  • 4 go-to-market стратегии
  • 4 стратегии за позиционирање
  • Детална анализа на конкурентите
  • Нови пазарни сегменти
  • Тестирање на продуктот
РЕЗУЛТАТИ
  • Компанијата ја промени својата go-to-market стратегија и product market fit
  • Забрзан процес на лансирање
  • Лансирање на лендинг страница
  • Целосно брендиран продукт
  • Идентификација на основните вредности на продуктот врз основа на наодите од истражувањата
  • Активни страници на социјални мрежи: facebook / twitter / linkedin / reddit
Share this project