Подобрување на корисничкото искуство и комуникација со брендовите за брза мода

ПРОДУКТ

Магнетик е водечка малопродажна групација во Македонија кој нуди привлечна облека, обувки и додатоци за мажи и жени. Во изминатите 20 години, Магнетик работи напорно за да овозможи најдобро шопинг искуство, помагајќи им на клиентите да создадат свој стил, а не само да купуваат модерна гардероба. Во моментов тие претставуваат 17 светски познати модни брендови.

Со брзиот развој на модниот пазар и драматичниот раст на бројот на продавници за мода во Скопје, брзите модни брендови Motivi, Oltre и Tally Weijl се соочуваат со проблем да ја потенцираат нивната вредност на пазарот. Целта на овој проект е да се најдат начини за одржување на лојални потрошувачи, како и стекнување на нови потрошувачи преку подобрување на потрошувачкото шопинг искуство.

  • Спроведување на истражување на пазарот
  • Идентификување на проблемите на потрошувачите
  • Брејнсторминг за иднината на малопродажната мода
  • Создавање на многу свежи, иновативни идеи
  • Креирање на сезонска маркетинг стратегија
  • Креирање на стратегија за стекнување на нови и ангажирање на лојални потрошувачи.

За време на проектот кој траеше четири недели, шест мултидисциплинарни тимови составени од пет учесници интензивно работеа на “иднината на малопродажбата”. Партиципираа и во креирањето на стратегии за стекнување на нови и ангажирање на лојални потрошувачи.

Проектот започна со креирање на креативни идеи за иднината на малопродажниот сектор, односно како тој би изгледал во идеалното идно сценарио. Вториот чекор на проектот беше анализирање на тековниот локален моден пазар и анализирање на брендовите на конкурентите, со цел да се откријат можностите и потенцијалните прашања кои треба да се решат. По спроведувањето на детално истражување на пазарот, секој од тимовите го создаде своето решение со комбинирање на идентификуваните проблеми и можности со идеи за иднината на малопродажбата.

РЕШЕНИЕ

Главните можности и проблеми кои тимовите ги идентификуваа и на кои се осврнаа беа: ниското онлајн присуство, нискиот ангажман со локалните модни инфлуенсери, ниската емотивна поврзаност помеѓу брендовите и нивните потрошувачи.

Првиот клучен предлог беше иновативна стратегија за зголемување на онлајн присуството на брендовите. Вториот имплементиран предлог беше стратегијата за создавање на емоционална врска помеѓу брендовите и нивните потрошувачи и истовремено повисок ангажман на социјални медиуми. И на крај, третиот имплементиран предлог беше да се зголеми свесноста за брендот.

РЕЗУЛТАТИ
  • Креирана Инстаграм страница / 800+ followers
  • Воспоставено партнерство со локалните модни блогери
  • Лансиран моден блог на компанијата кој остварува 2.000 дневни посети
  • 48% раст во продажбата
  • Компанијата воведе редовно ‘тајно купување’.
Share this project