Дизајн, UX/UI, маркетинг стратегија и стратегија за развој: Апликација за патнички превоз

Продукт

Продуктот е “peer-to-peer ride-hailing” компанија со седиште во Цирих, Швајцарија. Платформата е изградена врз технологија базирана на микрослуги и работи на Amazon Web Services. Овозможува поврзување на патници кои имаат потреба од превоз и луѓе кои имаат возило и сакаат да заработат во слободното време.

Главниот предизвик беше да се создаде продукт кој ќе биде единствен и различен од конкурентите на пазарот. Целта е да се најде поинакво позиционирање и да се таргетира нова област за да може продуктот да расте и да се проширува.

  • Дизајн на апликацијата, патничките и возачките екрани (UI / UX)
  • Креирање на стратегија за позиционирање на пазарот
  • Креирање на go-to-market стратегија.

Партнерството беше основано во раните почетоци на производот кога беше во “концепт” фаза. Целта на партнерството беше да се создаде основен тим кој ќе го спроведе концептот. Проектот започна во јануари 2018 година и започна со примарните дефиниции за бизнис моделот и стратегијата за раст на продуктот.

Вториот чекор беше да се анализираат сите глобални конкуренти и да се создаде стратегија за позиционирање и проширување. По направената анализа, започнавме да се движиме кон креирање на прототип и дизајнирање на апликацијата. Во оваа фаза тесно соработувавме со девелопмент тимот за да одржиме стабилен процес на работа и да го подобриме и модифицираме дизајнот врз основа на редовни кориснички тестирања и фидбек од корисниците.

Следниот чекор беше почеток на креирање на стратегиите за лансирање: една стратегија за стекнување и ангажирање на патници, а другиот за придобивање и задржување на лојалноста на возачите.

Апликација за патници / Апликација за возачи

РЕЗУЛТАТИ
  • Целосно дизајнирани апликации за патници и возачи
  • Предложена пазарна и маркетинг стратегија
  • Имплементирана стратегија за раст
Share this project