Стратегија за зголемување на движењето за сексуалната едукација

ПРОДУКТ

Kenneth Play е интернационален секс- експерт, секс-едукатор и тренер,како и поранешен фитнес тренер на ѕвездите. Kenneth развива и предава секс трикови кои ќе им помогнат на луѓето да научат нови техники и да ги надминат предизвиците во спалната соба преку онлајн и офлајн тренинг. Со својот пристап за забрзано учење и разигран стил, тој им помага на луѓето да стекнат сексуална доверба, да доживеат поголемо задоволство и да остварат подлабока интимност во рекордно време.

Во меѓувреме, тој е ко-основач на глобално признати сексуално-позитивни заедници, како што е Hacienda Villа. Во соработка со д-р Жана Врангалова го остварува проектот “The Casual Sex Project”; а соработува со Pamela Madsen во Back to the Body Sensual Retreats for Women. Тој е одликуван презентер на Универзитетот во Њујорк и државниот универзитет Сан Хозе.

Големината на пазарот за сексуално образование само во САД привлече големи имиња и на тој начин создаде огромен конкурентен пазар во индустријата. За ја надмине конкуренцијата, нашиот клиент требаше да најде нов начин за прикажување на вистинската вредност на неговиот производ, но и да стигне до нови, потенцијални клиенти.

Клиентот е веќе високо поставен на пазарот,  а со тоа поседува и голема база на податоци за корисниците и висок интернет сообраќај. Сепак, ние откривме одлична можност за зголемување на веб конверзијата од “посетител” во “клиент”. Нашите главни предизвици беа да создадеме нов дигитален пристап за зголемување на онлајн конверзијата, за да го зголемиме бројот на клиенти, а со тоа да се фокусираме на образовната вредност на производот.

  • Дефинирање на реалниот (идеалниот) клиент
  • Креирање на продажен канал што го претвора сообраќајот во клиенти
  • Изградба на нов и подобрен дизајн јазик кој го разликува клиентот од други играчи во индустријата
  • Дизајн и развивање на нов веб-сајт и визуелен јазик кој ќе комуницира со уникатната вредност на понудата на купувачите
  • Спроведување на мулти-канален дигитален пристап за стекнување на нови корисници и повторно ангажирање на постоечките.
НАШИОТ ПРИСТАП

За почеток, направивме анализа на моменталната конкуренција и нивната понуда, како и подлабоко разбирање на големината на пазарот на САД и потенцијалот за спроведување на сексуално образование. Со темелното истражување откривме дека постоечките клиенти гледаат одлична вредност во производот, меѓутоа откривме и дека постои визуелна несоодветност помеѓу имиџот на брендот и неговите потенцијални клиенти поради експлицитноста на визуелната содржина. Првиот чекор беше да се справи со оваа несоодветна комуникација и да се промени дизајнерскиот јазик на производот, така што експлицитната содржина ќе се замени со едукативна.

 Со воведување на визуелни промени и имплементирање на новиот дизајн и визуелен јазик, почнавме да гледаме подобрување во придобивањето на корисниците.

Следниот чекор беше создавање на мулти- канална дигитална стратегија каде што преку тестирање на различни дигитални канали би можеле да создадеме ефикасна стратегија за стекнување нови клиенти и повторно ангажирање на постоечките клиенти. Во текот на изведување на стратегијата, континуирано го менуваме пристапот според сознанијата кои ги добиваме од клиентите, со цел да обезбедиме врвни решенија за подобрување и зацврстување на позицијата на брендот на пазарот.

Share this project