Бизнис девелопмент и B2B стратегија: Софтвер како услуга за веб сајт за свадби

ПРОДУКТ

Јас и Ти е македонска дигитална платформа која им помага на младенците со леснотија да се справат со сите задачи околу креирање на свадбени покани и се што е поврзано со гостите на свадбата. Корисниците може да креираат персонализирана веб-страница за нивната венчавка и да користат функции како калкулатор за гости, навигација до локацијата на свадбата и споделување на фотографии по настанот. Корисниците можат да уживаат во придобивките од овој рентабилен и модерен начин на вршење на работите и да заштедат време и напор во текот на тој процес.

Продуктот е дотолку силен колку што ќе биде прифатен од страна на корисниците. Нашиот предизвик беше да се најде начин да се создадат нови навики кај корисниците за користење на дигитални алтернативи во организирањето на нивниот посебен ден. За таа цел ние требаше да стекнеме клучни сознанија за клиентите кои ќе ни овозможат да ја дефинираме стратегијата и да развиваме креативни начини за промовирање на отворениот начин на размислување. Исто така беше неопходно да се креира B2B стратегија која има за цел создавање на мрежа на соработници, кои ќе помогнат да се доближи услугата до целната публика.

  • Дефинирање на таргет публика и позиционирање на пазарот
  • Креирање на стратегија за развој на продуктот и препознавање на пазарот
  • Стекнување на увид на пазарот на потенцијални соработници и B2B потенцијалот на продуктот
  • Тестирање и повторување на неколку уникатни пристапи за зголемување  на свесноста за продуктот и брендот.
ПРОЦЕС И СОЗНАНИЈА

Нашиот прв чекор беше да разбереме кои пречки Јас и Ти треба да ги надмине. Преку истражување на пазарот, утврдивме дека прво треба да се фокусираме на креирање на побарувачката, бидејќи нашата целна публика e поврзана со традиционалните начини на функционирање, и најверојатно нема да проба нешто ново и непознато.

Потоа, создадовме и тестиравме повеќе пристапи за зголемување на препознатливоста на брендот и доближување на производот до потенцијалните клиенти. Еден од начините за постигнување на оваа цел е преку мрежата на B2B соработници. Понатаму, развивме стратегија за проширување на досегот на производот преку ко-креирање на текот на својот иден развој и дефинирање на конкретни кампањи за зголемување на препознатливоста и ангажман на клиентите.

РЕЗУЛТАТИ

Во текот на само неколку месеци работење со Јас и Tи, ја подобривме свесноста за продуктот и брендот и инициравме мрежа на соработници. Преку повратните информации, добивме широки сознанија за потребите на пазарот и го утврдивме позиционирањето на пазарот. Исто така, го дефиниравме текот на дејствување за понатамошен развој на продуктот и започнавме со реализација на B2B стратегијата.

Share this project