Innothink: Design Thinking алатка за воведување на иновации

ПРОДУКТОТ

Innothink е првата иновативна програма во Македонија која има за цел да го промовира design thinking пристапот на компаниите и професионалците. Design thinking е кориснички ориентиран пристап кон иновации кој ни овозможува да ги идентификуваме клучните потреби корисникот, брзо да креираме прототипи и истите да ги тестираме,  истовремено и  да донесеме иновативни решенија соодветни на идентификуваните потреби. Design thinking пристапот и методологијата се екстремно популарни во компаниите ширум светот- меѓу кои и гигантите како IBM, Coca Cola и Apple, па така, сметавме дека е вистинско време да го промовираме design thinking пристапот на македонските компании.

  • дводневна интензивна работилница која ги води учесниците низ процесот на design thinking, методите и нивната имплементација во реален проект
  • персонализирана пет-дневна Design sprint работилница која им помага на компаниите да лансираат нов продукт/ услуга преку користење на design thinking методите
  • во зависност од барањата на клиентот, овие работилници траат до најмногу 8 часа и вклучуваат активности со структурирани алатки и техники за развој на креативното размислување, тимскиот дух и иновативното решавање на проблеми.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
  • Промоција на design thinking преку курсевите кои ќе им помогнат на компаниите и нивните вработени да го зголемат својот иновативен капацитет
  • Организација на персонализирани обуки кои ќе ги задоволат потребите на клиентите- компаниите со цел да ги постигнат нивните цели
  • Потенцирање на важноста на иновациите во модерните компании
  • Поттикнување на креативно размислување и решавање на проблеми
  • Подобрување на тимскиот дух и тимската соработка

РЕЗУЛТАТИ

  • Во рамки на Skopje Design Week 2018, интернационалниот фестивал за дизајн и иновации, ја организиравме работилницата со наслов titled Innovation Strategy for Businesses: Enhance Your Company’s Innovation Capabilities. Целта на работилницата беше промоција на програмата Innothink и ширење на интерес кај македонските компании и професионалци за овој креативен метод. На работилницата учествуваа повеќе од 40 учесници (проект менаџери, HR и маркетинг експерти, менаџери на продукти, софтвер инженери) кои се запознаа со техниките на design thinking и нивната примена.
  • Креиравме персонализирана дво-дневна обука за 25 вработени во една од водечките телекомуникациски компании во Македонија. Обуката се фокусираше на подобрување на тимската работа, продуктивноста и комуникацијата на вработените од различни сектори. Водени од менторите на Innothink,  учесниците имаа задача да создадат продукти или услуги кои ќе го подобрат корисничкото искуство, со сознанијата од сопственото искуство и со примена на design thinking техниките.

Обуката резултираше со:

  • Шест прототипи на иновативни продукти и услуги, соодветни на корисничките потреби
  • Подобрена работна ефикасност и комуникација помеѓу вработените.
  • На барање на Alite International, организиравме дво- часовна работилница на која учествуваа повеќе од 90 учесници. Работилницата се состоеше од фасилитирани активности кои го поттикнуваат тимскиот дух и ги подобруваат соработката и комуникацијата во тимот.
Share this project