Маркетинг и веб оптимизација за гигантот на Rich-media адвертајзинг

ПРОДУКТ

ADSSETS е Шведска компанија која нуди иновативни rich-media решенија за дигитално рекламирање. Во Февруари 2018, тие го лансираа нивниот нов продукт ACM (Advertising Content Manager) – платформа која им овозможува на корисниците да дизајнираат и да ги менаџираат своите online реклами. Со ACM, Adssets нуди комплетно дигитализиран процес за креирање на банери, како и следење на нивниот перформанс.

На Adssets им беше потребна помош во зголемување на нивното дигитално присуство за да го поткрепат лансирањето на нивниот нов продукт ACM. Поради силната конкуренција, потребен беше зголемен фокус на конкурентските предности на брендот, и зголемување на свесноста за брендот. Исто така, со цел зголемување на задоволството на корисниците, потребна беше и оптимизација на корисничкото искуство на платформата.

  • Креирање на интегрирана дигитална стратегија со повеќе канали со цел да се зголеми свесноста за брендот
  • Имплементирање на стратегија за раст и развој
  • Подобрување на корисничкото искуство (дизајнот и јазикот) на веб страната
ПРОЦЕС И РЕЗУЛТАТИ

Со цел да го зголемиме бројот на нови корисници и да ја зголемиме лојалноста на постоечките, користевме интегриран пристап. Го подобривме корисничкото искуство на веб страната преку следење на однесувањата на корисниците, направивме и имплементиравме дигитална стратегија на повеќе дигитални канали, и ја оптимизиравме нивната веб страна за подобар пласман при онлајн пребарувања (SEO). Преку овие активности ја зголемивме посетеноста на нивната страна за 60% од месец на месец, и им помогнавме да започнат соработка со 3 големи клиенти.

Share this project