Пронаоѓаме иновативни решенија за бизнис проблеми

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме искусни професионалци кои ја делат истата пасија кога станува збор за бизнис иновации и дизајн. Во нашите простории креативноста и фактите соработуваат со цел да се креираат иновативни решенија кои ќе овозможат раст и развој на бизнисите.

КАКО ГО ПРАВИМЕ ТОА

Ние го практикуваме неконвенционалното размислување и создаваме иновативни решенија кои ќе им овозможат на нашите клиенти да ги остварат своите цели.

КЛУЧОТ НА ИНОВАЦИИТЕ Е ВО ЛУЃЕТО

Нашата најголема предност се crowdsourcing и отворените иновации. Овие нетрадиционални методи се нашиот клучен зачин за креирање на успешни иновативни решенија. Како што рекол Бил Џој, - отворените иновации се добра идеја, бидејќи сите паметни луѓе на светот не работат за вас.

ФОКУСИРАНИ СМЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА КОРИСНИКОТ

Ја прифативме емпатијата како наша вредност и имаме едноставна но моќна цел: да се фокусираме и да ги оствариме потребите и желбите на корисниците. Иднината е во производите и услугите кои се креирани според потребите и желбите на корисниците. Вистинските иновации треба да бидат алатка за надминување на секојдневните предизвици на нашите корисници.

КРЕИРАМЕ КРЕАТИВНИ РЕШЕНИЈА

Ентузијасти сме во поглед на креирање на решенија за брз раст на компаниите. Без разлика дали се работи за лансирање на нов продукт или создавање на нов бренд, или се работи за оптимизација за потребите на дигиталната ера и дигитален раст. Ги црпиме нашите креативни идеи и со помош на соодветна и обемна анализа ги креираме најдобрите решенија за вашиот бизнис.

СПРЕМНИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИ

Ние сме флексибилни и подготвени за постојано надградување и напредок. Соработуваме со компании и стартапи од многу различни индустрии, затоа посветуваме големо внимание на нашиот професионален тимски напредок и подобрување на нашите услуги со цел да одговориме на предизвиците пред нас.

ПОЗИТИВЕН ИМПАКТ

Оставаме трага во модерниот свет со ширење на позитивен mindset, отворен кон предизвици и откривање на иновативни решенија. Поттикнуваме позитивни промени кои ќе резултираат со посреќни тимови, нов пристап кон решавање на бизнис проблемите и успешни иновации.

ДИЗАЈНИРАМЕ УСПЕХ

Успехот е состојба на умот, па затоа охрабруваме прифаќање на креативен пристап со отворен ум кон позитивни промени. Веруваме дека постојат креативни и иновативни патишта кон успехот и ги инспирираме компаниите да мислат “оut- of- the- box”.
НАШИОТ ТИМ

Нашиот мулти-дисциплинарен тим е посветен на применување креативно размислување и да доставува квалитетни решенија до нашите клиенти.

Драгана Нешовска

Креативен извршен директор на Солвео.

Креативен лидер и problem-solving менаџер на крос-функционални тимови и мултидисциплинарни проекти.

Иван Зографски

Ко-основач на Солвео

Фокусиран на бизнис-дизајн и “out -of- the- box” решенија за предизвиците на променливиот пазар.

Мила Јосифовска

Проектен менаџер

Проектен менаџер со искуство во истражувачката индустрија. Се интересира за стратешко планирање.

Ивона Забазновска

Маркетинг специјалист

Маркетер со експертиза во иновативната консултантска индустрија. Се интересира за иновативни производи и услуги.

Мартин Стоименов

Специјалист за дигитален маркетинг.

Специјалист за дигитален маркетинг кој од стартап прави скејлап. Вешт за оптимизација, пасиониран за inbound marketing и продажба.

Јана Андева

Графички дизајнер

Иновативен графички дизајнер кој пасионирано го креира идеалниот дизајнерски јазик.

Лела Анастасова

Design Thinking тренер

Лела е професорка која со неконвенционални алатки и на креативен начин им го приближува методот Design Thinking методот на своите слушатели. Таа се стекнува со сертифицирана лиценца за Design Thinking за да го прошири позитивниот ефект кој оваа методологија го има со пошироката публика.

Тина Јанева

Специјалист за развој

Специјалист за развој со пасија за пишување содржини и развивање комуникациски стратегии.

Сакате да соработуваме?