3 начини да работиме заедно и кога не можеме да бидеме заедно

Пречките создаваат простор за иновација – вели Чалс Хајес, генералниот директор на IDEO, агенцијата за иновации, во Азија. Важно е само да размислуваме како дизајнери, вели тој. Да се подготвиме со сите потребни алатки, и да пристапиме на проблемите поинаку од вообичаено.

Како и многу други организации, ние се справуваме со промените кои COVID-19 ќе ги направи во начинот на кој соработуваме. Бизнисот се менува на глобално ниво, но како и секогаш, ние учиме од нашата заедница: нашите партнери и клиенти, чиј бизнис зависи од транспорт, комуникација, и секако, нивните потрошувачи, кои ние им помагаме да ги опслужат подобро. 

За да продолжиме да работиме, и покрај тоа што нашиот тим е разделен, потребно беше да направиме некои иновативни промени во начинот на кој комуницираме и креираме.

Тоа, како и секогаш, го направивме со помош од Design Thinking. Се надеваме дека нашите совети ќе му помогнат и на вашиот тим полесно да го преброди овој непредвидлив период.

1. Направете систем за подготовка за сите виртуелни состаноци

Колку табови имате отворено во моментов на компјутерот? Повеќе табови = помалку фокус. Само затоа што состаноците кои сега ги имаме се виртуелни, тоа не значи дека не можат да бидат спроведени со целосно внимание. 

Неодамна се прашавме како да спроведеме виртуелен состанок со 10-мина, задржувајќи го истото ниво на ангажман од сите кои се вклучени. Сите треба да учествуваат активно, и да се изјаснат, а притоа резултатот на состанокот да биде јасен план за што понатаму.

За да тоа биде возможно, направивме кратка листа за подготовка која секој треба да ја комплетира пред да започне состанокот:

Подготовката не опфаќа само гасење на сите табови. Треба да се погрижиме дека сите се информирани за сѐ уште пред да започне виртуелниот состанок, за да тој биде ефективен. Сите треба да бидат физички и технички подготвени за да состанокот тече без непотребни прекинувања. 

2. Оформете ритуали со помош на дигиталните алатки

Постојат илјадници алатки за виртуелна соработка. Погледнете ја оваа листа на 75-те најдобри алатки за комуникација на ТеchАgainstCoronavirus.com. Но, тоа што е поважно, е како ги користиме алатките.

Како за пример може да ги земеме виртуелните состаноци. Тие се одличен начин да презентираме новости, да донесеме брзи одлуки, и да и да ја одржиме блискоста помеѓу членовите на тимот.

Но, премногу вакви состаноци значат многу дискусија и малку егзекуција. Од друга страна chat алатките се одлични за споделување и давање feedback, но не можат да ги заменат виртуелните состаноци за горенаведените улоги.


Затоа треба да направиме баланс помеѓу алатките кои ги користиме, и да ги користиме на правилен начин. Ова е време кога треба да комуницираме што е можно повеќе, #overcommunication, но и да одржуваме барем еден виртуелен состанок со тимот во текот на денот. Наша препорака е тоа да го направите наутро, додека сите пијат кафе.

Исто, користете креативните вежби за загревање  (како 10 second dance break), затоа што навистина се одличен начин да го поттикнете доброто расположение во тимот особено во раните утрински часови.

3. Правете планови. Секој ден.

Правењето на дневен акциски план е нешто што доаѓа природно кога сите сме во истата канцеларија. Но во оваа ситуација е тешко да се постават приоритети и да се распределат задачите. Веројатно е дека работите во многу динамична средина и од ден за ден се менуваат многу работи. Затоа неделниот акциски план нема да ви биде доволен. Покрај тоа, ако секој член од тимот, секојдневно си поставува сопствени цели за тој ден, сите ќе бидат мотивирани и продуктивни.

Ова е нашата шема. Секоје утро секој член од тимот го споделува неговиот план на Slack. На крајот на денот, секој има задача да каже што успеал да реализира а што не, и зошто. Така сите си ги знаеме приоритетите и остануваме фокусирани од самиот почеток на денот. А притоа, сите сме координирани едни со други за сите заеднички задачи. 

Се надеваме дека нашите совети и алатки ќе ви помогнат во задржување на работното темпо. Тимската работа не треба да страда подари моменталните околности. Останете позитивни, продуктивни и поврзани. И секако, останете дома.

Како работите вие со вашиот тим? Во овие моменти, најважно е да учиме едни од други. Затоа споделете со нас во коментар на објавата од која дојдовте.

#dontbeshy #sharingiscaring

Share this article:

Share This

Copy Link to Clipboard

Copy