Правила и услови за учество на OBSG BUZZ Хакатон

 
OBSGDesignsFin-1.jpg
 

1. Солвео ДОО Скопје ( “Солвео”) со седиште на ул. Пиринска 29, Скопје, организира 3 дневен Хакатон со име “OBSG BUZZ HACKATHON” ( “Хакатон”) во соработка со Охридска Банка АД Скопје(“Банката”), со седиште на ул. Орце Николов 54, Скопје-Центар.

2. Учеството во Хакатонот е предмет на почитување на условите и  правилата утврдени во овој документ, кои сите учесници ги прифатиле при поднесувањето на нивните апликации, како и овластување на Солвео за обработка на лични податоци и искористување на видео и други слики создадени за време на настанот. Право на учество на овој Хакатон имаат само полнолетни лица.  Учесниците кои не ги почитуваат одредбите на овие услови  ќе бидат отстранети од настанот, како и оние кои го попречуваат и / или се обидуваат да го компромитираат правилното функционирање на процесот на судењето или исходот на настанот како целина преку измамничко или друго забрането однесување. Солвео, не носат никаква одговорност за загуби или штети што ќе ги нанесат учесниците на Хакатонот, освен во случај на небрежност. Овие услови се применуваат исклучиво за учесниците на Хакатонот што ќе се одржи во Иннофеит, Скопје од 30 Ноември до 02 Декември 2018 година.

3. Интелектуалната сопственост на победничкото решение ќе му се префрли на организаторот Солвео со самото прифаќање на овие правила и услови и дополнително со договор, а интелектуалната сопственост на другите решенија останува на учесниците. Учесниците признаваат дека ќе бидат развиени неколку решенија/прототипи за време на овој Хакатон и дека таквите решенија може да бидат слични или идентични по тема, идеја, формат или друго со другите развиени на овој Хакатон.

4. Учесниците гарантираат дека (i) прототипот е нивна оригинална работа и е развиен и за прв пат презентиран од нив за време на овој Хакатон, (ii) прототипот не ги крши или повредува интелектуалната сопственост, сопственички или други права на било кое трето лице, (iii) учесниците јасно ги идентификуваат правата на трети лица, како и применливите услови за лиценца и други детали кои се однесуваат на употребата на истите (iv) ги поседуваат и ги контролираат сите права неопходни за да ја префрлат интелектуалната сопственост на прототипот од апликацијата неотповикливо и без ограничување на организаторите и (v) објавувањето на апликацијата преку разни медиуми, вклучувајќи веб-објавување и социјални медиуми, нема да ги наруши правата на трети лица.

5. На Хакатонот ќе има една победничка идеја и евалуација за истата ќе биде базирана на следните критeриуми:

  • Валидација(Дали решението е валидирано? Со колку корисници го тестираа својот концепт? Колку се подобриле по нивното истражување? Со кого разговарале?)

  • Тим(Дали сите во тимот работат подеднакво? Дали сите во тимот ги извршувале задачите? Дали беа добар тим?

  • Егзекуција(Дали решението одговара на дадените кратки упатства? Дали имаат подготвен прототип? Колку е развиено нивното решение?) 

  • Иновација(Колкав е степенот на иновација во предложеното решение?)

  • Имплементација(Дали решението е апликативно? Дали може да се имплементира веднаш?)

    *Конечниот резултат е детерминиран од средната вредност на овие пет критериуми. 

6. Наградата за најдобро решение ќе биде доделена од Банката со следната вредност.

- Награда за прво место: илјада и петстотини евра (€1,500.00) во денарска противвредност.

7. Наградата од 1,500.00 ЕВРА ќе биде поделена подеднакво на секој член од победничкиот тим.

8. Со регистрирање и учествување на овој Хакатон учесниците се согласуваат на овие правила и услови:

- Се согласуваат на овие правила и услови и дека ќе ги почитуваат во целост

- Се согласуваат дека одлуките на на Судскиот панел избрани од организаторите, се конечни и обврзувачки во врска со изборот на наградата што се доделува

- Се согласуваат да ги заштитат доверливите информации на Банката (од неовластено ширење и да ги користат исклучиво заради учество на Хакатонот; Терминот "Доверливи информации" значи сите информации и материјали од доверлива природа, во каква било форма или медиум, писмени или усни, кои се се однесуваат на Организаторите и / или Банката (без разлика дали се подготвени од Организаторите или на друг начин, и без оглед на формата или средствата за комуникација и дали е етикетирана или поинаку определена како доверлива) која е доставен до Учесниците во врска со нивното учество во Хакатонот.

- Се согласуваат да не користат или промовираат навредливи искази, непристоен, или (кој било) друг недозволен материјал во нивните прототипи;

- Се согласуваат дека нивното учество во Хакатонот нема да ја прекрши ниту една обврска за доверливост или договорни права на која било трета страна и дека со нивното учество не прекршуваат никаков закон, договор или пропис;

9. Овие правила и услови се регулирани со законите на Република Македонија. Скопските судови имаат исклучива надлежност да го разгледуваат секој спор или барање што произлегуваат во врска со Хакатонот или овие Услови и правила.