OBSG BUZZ HACKATHON

OBSGDesignsFin-1.jpg
 

ШТО Е OBSG BUZZ HACKATHON?

OBSG BUZZ Hackathon претставува тридневен настан организиран од страна на Охридска банка Сосиете Женерал и Солвео, кој ќе се одржи од 30.11.18 до 02.12.2018 во Инофеит. На хакатонот ќе земат учество 50 талентирани и амбициозни млади, кои ќе бидат поделени во тимови и ќе работат на развивање на креативно и иновативно решение за иднината на мобилното банкарство. OBSG BUZZ ќе започне во петок, а за време на викендот учесниците ќе почнат со првите активности и ќе имаат можност да со претставници од банката и да добијат фидебек за нивните решенија. На крајот на настанот сите тимови ќе ги презентираат своите решенија пред жири, составено од претставници од банката и ќе биде прогласен победнички тим, чие решение ќе се доработува во иднина и ќе освои парична награда од 1.500 ЕУР. Целта на настанот е да се креира иновативно решение кое ќе овозможи поголема корисност на услугите на банката и ќе обезбеди поголема интеракција на банката со нејзините корисници.

 
 
 

Зошто да учествувате на OBSG BUZZ Hackathon?  

● Искуство при работа на реален проект и можност да се креира решение за реален проблем.
● Создајте ја вие иднината на мобилното банкарство. Ќе постои можност победничкото решение да се имплементира.
● Ќе работите со голема интернационална компанија. 
● Можност да добиете парична награда и сертификат. 
● Истакнете се пред потенцијалните работодавци.

IMG_0478 (1).jpg
17159132_1213818228666702_7092031769930141506_o.jpg

Што треба да направите?

1. Да истражите постојни мобилни апликации низ светот и да ги анализирате дигиталните трендови во мобилното банкарство.
2. Да ја анализирате постојната апликација на ОБСГ и да го подобрите UI/UX на апликацијата „Моја банка“ за мобилното банкарство на ОБСГ.
3. Да креирате иновативно предлог-решение со креиран прототип со нови и подобрени функционалности за мобилното банкарство на ОБСГ.
4. Да го тестирате предлог-решението. 

 
obsg2.jpg

OBSG Buzz Хакатон
Креирај ја мобилната банка од иднината

Отворени места: до 50
Насоки на интерес: Дизајн, UI/UX, програмирање, информатички технологии, финансии, е-бизнис, маркетинг, менаџмент.
Награда: 1.500 ЕУР (за победничкиот тим)
Компанија: Охридска Банка Сосиете Женерал
Локација: Инофеит
Краен рок за пријавување: 25.11.18
Дата на одржување: 30.11 - 02.12

За проектот / Предизвикот

Мобилното банкарство станува неизоставен дел од нашето секојдневие. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата за воведување на иновации во мобилното банкарство и во начинот на интеракција на банките со сегашните и идни корисници.
Целта на овој предизвик е да пронајдеме и креираме нови начини на интеракција на банката со корисниците. Како би можеле да создадеме иновативни решенија за олеснување на користењето на мобилното банкарство кои ќе ја зголемат корисноста на банкарските услуги за младите? Брзо и лесно мобилно плаќање во било кое време од денот, можноста за водење на лични финансии, онлајн апликација за кредит или било кој друг производ, плаќањето на билети во јавниот транспорт, плаќање на пријатели од контакт листа, се само дел од можностите кои веќе стануваат неизоставен дел од нашето секојдневие.

Како резултат од овој проект секој тим ќе треба да развие иновативно, но истовремено и апликативно решение кое ќе го подобри начинот на кој го користиме мобилното банкарство. Кои нови функционалности би можеле да ги создадеме? Кои постоечки функционалности би можеле да ги подобриме? Како можеме да се доближиме повеќе до помладите генерации? Како ќе изгледа мобилното банкарство во иднината?

 
obsg1.jpg

Што е потребно за да учествувате?

1. Да го пополните го онлајн формуларот.
2. Да бидете тимски играч, подготвен за предизвик. 
3. Да имате голема посветеност на проектот и мотивација за работа.
4. Задолжително да присуствувате на трите работилници.


*Секој тим ќе биде мултидисциплинарен со максимум пет члена. За проектот заинтересираните учесници можат да аплицираат сами или во парови. Тимовите ќе бидат формирани од Солвео. 

* Победничкото решение ќе  има можност да влезе во фаза на имплемемтација од страна на Охридска банка Сосиете Женерал, а другите решенија си остануваат во сопственост на тимовите/учесниците.

 
obsg5.jpg