Како до поголем успех преку поврзување?

“Вмрежување” или "Поврзување" е еден од најчесто употребуваните зборови во модерната бизнис заедница. Но што всушност значи тоа и колкава е моќта на вмрежувањето на денешниот конкурентен пазар?

Постои една стара поговорка “Големината не лежи во што знаеш, туку кого познаваш”. Во денешното модерно општество еден од најважните аспекти при постигнување на поголем успех е поврзување со бизнис професионалци. Погледнете ги 6те главни придобивки од бизнис вмрежувањето.

  1. Стекни професионални контакти - Сите знаеме колку е тешко испраќањето на безброј CV-а и чекањето на некаков повратен одговор.  Стекнувањето на контакти и вмрежувањето со професионалци што порано во вашите студии ќе ви отвори врати кон многу повеќе можности. Искористете ја шансата додека сте студенти, бидејќи секој сака да им помогне на амбициозните.

  2. Можност за лично подобрување- Движењето по настани и конференции ќе ви овозможи да се истакнете и да стекнете силна лична репутација. Доколку се знаете со правите професионалци, ќе можете да се потпрете за било каква препорака.

  3. Размени идеи - Најголемите идеи не ни доаѓаат при седење дома и гледање во празна точка. Разговарањето со професионалци и ваши врсници ќе ви овозможи размена на идеи и секако ќе добиете фидбек и валидација за вашите, што ќе инспирира кај вас уште повеќе идеи. Разговарајте, споделете и дознајте!

  4. Отворање нови можности - "Никогаш не можете да знаете кого ќе сретнете додека не си дадете шанса." Дали е тоа на настани или на конференции, дали е тоа на работилници и собири од понеофицијален карактер. Моќта на заедницата отвара безброј нови можности.

  5. Зголемена самодоверба - Сите имаме трема кога за прв пат треба да разговараме со таканаречени ‘професионалци’. Се прашуваме дали добро ќе се поставиме, дали ќе ги прашаме вистинските прашања, дали ќе оставиме добар впечаток. Неформалното вмрежување на настани и конференции ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ве подготви за формалностите кои неможат да се избегнат.

  6. Научете нешто ново - Точно е дека во модерното општество интернетот е една бесконечна библиотека каде што можеме во неколку секунди да ја најдеме секоја информација за која сме заинтересирани. Но има ли нешто подобро од учење од личното искуство? Колку и да читаме и учиме, нема да не научи повеќе од разговор во 4 очи. Споделување искуства и идеи води кон знаење кое неможе да се заборави.

 

Kаде и како да се вмрежите?

Конференции - Во Македонија, на Балканот и подалеку редовно се организираат големи конференции на различни теми кои се одлична шанса да се запознаете и вмрежите со голем број на професионалци. Редовно следете ги новините и обидете седа присуствувате на што повеќе конференции.

Работилници - Во дадена недела во градот што живеете сигурно се случуваат сигурно неколку работлници. Од нив иако не мора да ни се сите во кругот на интереси, потребно е да се присуствува барем на една. Можноста да научите нешто ново и корисно и надвор од вашата конфорна зона на знаење и делување - таму каде што најмногу се учи.

Натпревари - Натпревари како СОЛВЕО и останати се одлична шанса да се вмрежите и воедно да се забавувате и да освоите награда. Искористете ги максимално студентските денови, и учествувајте во што повеќе натпревари. Истите ќе ви бидат и одлична референца за во иднина.

Истражувања - Додека сте студент, еден од начините на кој можете да се запознаете со професионалци е преку некакво истражување. Обратете се за помош и не се обесхрабрувајте од негативните одговори. На неколку негативни, секако ќе има барем еден позитивен.