10 начини како да инспирирате иновативност кај студентите

Зборот иновации, е често споменуван и истражуван, но сепак иновативното размислување претставува еден од покомпликуваните концепти во образовниот систем. Иновативното размислување кај студентите може и мора да се потпомогне со воспоставување на позитивна и креативна атмосфера во училниците. Ви ги претставуваме дестетте начини како тоа може да се постигне. 

 

1. НЕ ГИ СУДИТЕ ТУЃИТЕ ИДЕИ - Не судењето претставува основа на сите останати начини спомнати подоле.  Не постои нешто како лоша идеја, но огромен демотиватор знае да биде судењето на туѓите. Од една идеја со добра поддршка и мотивација можат да произлезат безброј иновативни решенија.

2. РАЗМИСЛУВАЈТЕ ОТВОРЕНО КОН ИДНИНАТА - Иновативните идеи најчесто доаѓаат при размислување надвор од линиите. Дозволете им на студентите да ја отворат својата имагинација. Поттикнете ги да ја замислат и креираат иднината онака како што ја замислуваат. Бидете отворени и кон идеите кои можеби звучат смешно и неостварливо.

3. РИЗИКУВАЈТЕ - Како што би рекле постарите, учиме од грешките. Охрабрувајте ги студентите да не се плашат од превземање ризици и навикнете ги да учат и од грешките.

4. ИСТРАЖУВАЈТЕ - Поттикнувајте љубопитност кај вашите студенти. Истражувањето и надвор од училницата е еден од најголемите извори на нови и креативни идеи. 

5. ПРАШУВАЈТЕ - Немојте да се потпирате само на сопственото мислење, и не се плашете да ги споделувате вашите идеи со другите. Најдобар начин да ја разработите вашата идеја и да дојдете до нови, прашувајте и споделувајте!

6. СПОДЕЛУВАЈТЕ - Сподели ја својата визија за иднината, со другите, и со познати и со непознати. Понекогаш најголема инспирација и помош може да дојде како резултат на споделување.  

7. БАРАЈТЕ КОМБИНАЦИИ - Охрабрете ги студентите да приспособуваат, променат и надградат веќе понудени идеи. Многу пати дури и во неформални разговори една идеа доведува до друга. Затоа обидете се да поврзете веќе постоечки идеи на нови начини. Овие комбинации ги нарекуваме “автостопирање” или “качување на ушка”.

8. БИДЕТЕ ВИЗУЕЛНИ - Визуелното размислување е начин на кој полесно ги организираме своите мисли и овозможува поефективна комуникација на нашите идеи. Тоа е одличен начин да се пренесе комплексна или потенцијално неразбирлива информација. Дозволете им на студентите да го пронајдат својот детски дух преку визуелно претставување на своите идеи на лист хартија. 

9. ЦЕЛИ КОН КВАНТИТЕТ - Инспирирајте многу идеи бидејќи квантитетот доведува до квалитет. Со повеќе идеи се зголемува шансата некоја од нив да е оригинална и иновативна. 

10. ПОВТОРУВАЈ - Повторувањето е мајка на знаењето. Овозможете им на студентите повеќе можности да се вратат и да ја испробаат практичноста и изводливоста на една идеја.