Што и да е проблемот, биди дел од решението! Нов СОЛВЕО предизвик за студенти.

Солвео има нов натпревар за сите вас талентирани студенти или како ние што сакаме да речеме – студенти визионери!

“Can you drop the (data) base?” е името на новиот предизвик кој има цел да ја произведе новата македонска стартап платформа преку која стартапите ќе имаат пристап до инвеститори и можност за инвестиција.

Темата на предизвикот е определена во соработка со SEEU Tech Park и StartUp Macedonia, кои заедно со Солвео ги инволвираат сите засегнати страни, студентите, стартапите и професионалците, во рамките на овој натпревар.

Ова не е само уште еден натпревар, ова е искуство кое реално ви ја дава работата во ваши раце, а притоа ви овозможува забава и дружење. Значи, повикот за апликации е отворен до 18ти Април, ви претстојат 8 работилници и дружба со еден куп насмеани лица.

Што добивате ако учествувате?
Искуство при работа на реален проект, вмрежување се со професионалци, стартапи, инвеститори, сертификат и можност за истакнување пред потенцијални работодавачи.
Еј да и за победничкиот тим следува награда од 500евра.. Уште чекаш? Go for it!