Како Солвео и помогна на голема Шведска платформа за размена на рецепти да стигне до повеќе корисници?

Успешно заврши третиот Солвео натпревар. Најдено е решение како платформата MyGreatRecipes, која има повеќе од 100.000 уникатни корисници, да стигне до 450.000 корисници

Заврши третиот официјален натпревар на Солвео, стартап кој ги поврзаува младите ентузијасти кои сакаат да работат на реален проект и компаниите кои имаат потреба од иновации, на кој се бараше ефикасно решение за голема шведска компанија која го позиционира својот производ на пазарот во САД. Компанијата IMP Digital заедно со македонската софтверска компанија doXteam ја развиваат дигиталната платформа за пребарување и споделување рецепти MyGreatRecipes, која има повеќе од 100.000 уникатни корисници, а целта е до август следната година да има 450.000 корисници.

На натпреварот учествуваа 4 тимови и вкупно 18 учесници од сферата на е-бизнис, маркетинг, менаџмент, финансиски менаџмент, информатички технологии и право. Предизвикот на кој работеа студентите беше да се пронајде начин и да се изгради стратегија за зголемување на бројот на уникатни корисници, задржување на моменталните корисници, и како најефективно да се монетизира бизнисот. Бидејќи очекувањата на клиентот не само што беа достигнати, туку беа и надминати, покрај победничкиот тим беше награден и вториот тим со идејно решение кое наскоро исто така ќе биде имплементирано.

 

Како студентите го решија предизвикот?

Секој од тимовите започна со анализирање на пазарот во САД и анализирање на целните корисници и главните конкуренти. Учесниците стапија во контакт со големи американски кувари, остварија контакти со светски блогери за храна дури и со некои од американските супермаркети. Ги валидираа нивните идеи преку разговарање со бизнис професионалци и креирање на финансиски планови за реализација за нивните предлог-решенија. Дополнително ги тестираа идеите и открија можности за подобрување преку правење на анкети и интервјуа со потенцијални корисници.

На крајот на 4-неделниот интензивен проект, секој од тимовите дојде до уникатно решение и секој тим оформи различна стратегија за придовивање нови и задржување на постоечките корисници и за ефективна монетизација на бизнисот.

Што велат учесниците за Солвео?

Бруно Ризовски
Ново искуство исполнето со нови предизвици, нови знаење, забава и креативност. Благодарен што имав прилика да бидам опкружен во таква атмосфера која на секој студент буди мотивација и желба за работа. Голем поздрав до Солвео, дечките кој се грижат вашето искуство да остане незаборавно и бесценето.

Ивана Митевска
Покрај многубројните стекнати пријателства, се стекнав и со вештини кои ќе ми помогнат многу во градење на мојата идна кариера. Не само што беше одлично искуство за мене како студент, туку и ми беше настан кој ми ги отвори очите за реалниот свет надвор од факултетот.

Искуството кое го стекнав за време на овој проект за мене е бесценето. Затоа му препорачувам на секој студент кој сака нови предизвици, задолжително да се пријави!

Maртин Јовчевски
Ова ми е еден од најдрагите сертификати кои што ги имам добиено. Работата, Луѓето и се тоа што научив тука ми е бесценето. Фала ви Solveo. Дефинитивно се пријавувам пак!

Sadike Haxhiu
Во времето додека роботев во проектот, единствено Солвео на мене како студент ми овозможи да почуствувам како е да се работи вистински во тим, и како е да се работи под притисок. Ако некоjа фирма ги разбира студентите, тогаш тоа е дефинитивно Солвео.

Со веќе 3 успешни натпревари, 40 креативни работилници, повеќе од 70 учесници и повеќе од 15 понуди за работа, иновативниот стартап СОЛВЕО им овозможува на младите ентузијасти да работат на реален проект, а на компаниите да добијат пристап до отворени иновации.

Солвео е иницијатива каде преку натпревари и вмрежување, талентираните студенти се поврзуваат со компаниите за креативно решавање на модерни бизнис проблеми. Преку оваа иновативна услуга и уникатен процес, компаниите добиваат можност да дојдат до многу идејни решенија, пристап до иновации, можност да пронајдат талентирани млади лица за вработување. Истовремено студентите добиваат можност да работат на реален проблем и да се вмрежат со локална или глобална компанија.