Design Thinking Работилница со Солвео @SkopjeDesignWeek

Креативен, забавен и едукативен викенд на шестото издание на Skopje Design Week. Викенд исполнет со креативци, ентузијасти, работилници, предавања и иновативни производи. Во склоп на овој прекрасен викенд, имавме и ние чест да учествуваме со интерактивна работилница на тема Design Thinking. 

 

Design thinking се дефинира како иновативен пристап или процес преку кој креативно се пронаоѓаат решенија на проблеми и потешкотии со кои секојдневно се среќаваме. Овој метод користи user-centric или human-centered пристап каде особен акцент се дава на разбирање и градење според потребите и барањата на потрошувачите.

Преку практичната и интерактивна работилница учесниците се запознаа со методите и принципите на design thinking, и во само 90 минути креираа иновативни решенија на 3 секојдневни проблеми со кои се соочуваме. 

 

TИМ 1 - Service Design

Првата група со фокус на ‘Service Design’ го дизајнираа идеалното средно училиште.
Преку креирање на ‘customer journey’ и персона, осознавање на потреби и идентификување на проблеми во нашето секојдневие, учесниците ги осознаа главните препреки и можности за подобрување во средните училишта.

Идентификувани можности за подобрување:

- Досадни предмети
- Потребни се професори кои ги мотивираат учениците
- На часовите не се учи ништо посебно и фали интеракција

- Лош јавен превоз
 

Идеалното идно средно училиште

- Ќе има интерактивна настава каде учениците ќе учат повеќе преку практична работа и ќе се воведат повеќе активности надвор од училишната програма.
- Учениците ќе имаат можност сами да ги избираат предметите кои сакаат да ги учат, и ќе имаат можност да додадат изборни предмети според нивните интереси
- Наставата ќе нуди размена на студенти со цел учениците да се здобијат со повеќе вештини и искуства
- Поголем фокус ќе се стави на развојот на натпреварувачкиот дух и развојот на меки вештини 

-Можност за изнајмување и паркинг за точаци, и ќе нуди организиран превоз за сите ученици. 

 

 

TИМ 2 - Experience Design

Втората група со фокус на ‘Experience Design’ го дизајнираше следниот Skopje Design Week настан. Според нив, настанот ќе има поголем фокус кон вмрежувањето и работилниците, а учесниците и посетителите ќе имаат можност да добиваат информации, да се регистрираат и да се вмрежат меѓусебно и со изложувачите преку мобилна апликација.

Идентификувани можности за подобрување:

- Да има поголем број на работилници
- Можност за вмрежување и запознавање со професионалци
- Поголема интеракција со посетителите
- Подетални информации и обележување на настанот

 

Идеалниот Skopje Design Week настан

- Да има апликација преку која посетителите ќе имаат можност да се регистрираат, ќе можат лесно да ја проверат целосната програма и да си креираат лична агенда според работилниците и презентациите на кои би сакале да присуствуваат. Дополнително преку апликацијата ќе ги дознаат сите изложувачи и учесници и ќе можат да се вмрежат со нив.

- Бидејќи голем број од посетителите, го посетуваат настанот со цел да видат и да научат нешто ново, во следниот настан би сакале да има голем број на интерактивни работилници на различни теми кои ќе опфатат голем број од креативните индустрии. 

 

 

TИМ 3 - Product Design

Третата група со фокус на ‘Product Design’ го дизајнирање идеалното работно биро. Сите ние се соочуваме со истите проблеми: секогаш остануваме без батерија во лаптопот или во телефонот, а во исто време ни смета големиот број на кабли кои се заплеткуваат или ни го истураат кафето. Идеалното работно биро најпрво ќе биде всушност безжичен

полнач кој ќе го полни секој електричен апарат. Дополнително, самото биро ќе има мали фиоки во кои ќе ги чуваме ситниците како USB.

Идеалната работна маса

- Да биде во форма на грав за да биде прегледна и достапна
- Да има голем број на фиоки
- Самата маса е безжичен полнач кој ќе го полни секој електричен апарат (телефон, лаптоп, столна лампа)
- Да има вградлива столна лампа која нема да пречи
- Мали фиоки за чување на ситни додатоци (USB)

Позитивната реакција на учесниците и големиот интерес на кој наиде оваа работилница, нè поттикнаа во иднина да организираме повеќе исти работилници кои ќе ја разработуваат оваа тема.